Почетна | Активности | Хуманитарна аукциска модна ревија - Дизајнерите за здравјето на децата

Хуманитарна аукциска модна ревија - Дизајнерите за здравјето на децата

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

На 6 април се одржа хуманитарна аукциска модна ревија – Дизајнерите за здравјето на децата, проект организиран од Македонската Модна Формација во соработка со Министерството за Здравство и Моден викенд Скопје.

На ревијата имаше креации од познати домашни дизајнери, чии модели покрај манекените, ги носеа и познати естрадни имиња од Македонија.

Собраните средства од влезниците и од продажбата на дизајнерската облека и накит беа наменети за потребите на превентивните пунктови за имунизација на деца од предучилишна возраст при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје - Скопје.
На хуманитарната аукциска модна ревија, присуствуваше и медицинскиот директор на ЈЗУ Здравстван дом на Скопје - Скопје. д-р спец.Татјана Баевска Вучковиќ  и представници на вработените во Домот.

 

fashion1.jpg
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  

fashion2.jpg

 

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар