Почетна | Активности | СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА "СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА СО ПОВРЕДЕН ПЕШАК"

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА "СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА СО ПОВРЕДЕН ПЕШАК"

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

20 април 2015 - Во сообраќајна незгода повреден е пешак во близина на хотелот Александар Палас.

 Мислејќи дека местото не е фрекфентно, пешакот не погледнал внимателно при обидот да помине на другата страна на улицата. Во него удрило возилото во кое се превезувале тројца млади, возачот бил под дејство на алкохол. Иако звучи реално, за среќа ова е само симулациска вежба.
„Испраќаме порака до пешаците внимателно и одговорно да се однесуваат во сообраќајот, а исто времено апелираме и до возачите да внимаваат и да се придржуваат на правилата и прописите и да ги почитуваат пешаците затоа што и тие се учеснициво сообраќајот“, изјави Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП.
Честопати и секунди се пресудни за спасување на човечки животи. Метежот во сообраќајот им ја отежнува работата на Брзата помош, во најкритичните мигови.
„При транспорт на интервенција од прв степен на живото загрожувачки состојби често пати се случува да не се отстапи место и тоа при светлосна ознака при рортациони светла, значи сеуште се соочуваме на сообраќајна некултура“, вели д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом - Скопје.
Како да се укажe прва помош во сообраќајни несреќи, граѓаните ќе можат да се информираат и преку апликација на мобилните телефони. Сепак таа не може комплетно да ја замени практичната обука.
„И понатака препорачуваме и сугерираме сите во рамките на своите можности и понатака да ги посетуваат обуките и тренинзите што ги дава Црвениот крст на Република Македонија“, нагласи Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст.
Од почетокот на годинава вкупно седум пешаци го загубија животот и се сметаат за најзагрозените учесници во сообраќајот. Симулацијата од почетокот на овој прилог нека биде уште една опомена.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар