Почетна | Активности | ОДБЕЛЕЖАНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА ВО ГРАДСКИ ПАРК КАЈ ШКОЛКА

ОДБЕЛЕЖАНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА ВО ГРАДСКИ ПАРК КАЈ ШКОЛКА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

19 април 2015 – Во Градскиот парк во Скопје, кај Школка, со промотивен настан се одбележа Европската недела на имунизацијата.

 Целтта на настанот на кој учествува деца од повеќе училишта и од хорот Златно Славејче, беше  да се подигне свеста на родителите и кај целото население дека вакцината штити од многу заразни болести, дека таа е право на секое дете, а родителите треба да го овозможат тоа право.
Според д-р Јованка Костовска, од Министерството за здравство и претставниците на службите за имунизација,  просечниот опфат на имунизација во Македонија е 95 проценти. Вакцинацијата е една од најисплатливите превентивни јавно здравствени мерки и наједноставен метод за заштита од одредени заразни заболувања, како и смрт од нив. Високиот опфат на имунизација, пак, гарантира стабилен епидемиолошки статус и колективен имунитет. 

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар