Почетна | Активности | ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА 20-24 АПРИЛ 2015

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА 20-24 АПРИЛ 2015

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

17 април 2015 – Во Конгресната сала – Борис Трајковски, се одржа годишен состанок на кој учествуваа претставници од службите за имунизација, координатори за имунизација од центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

 Теми на состанокот, кој се одржа во пресрет на Евриопската Недела на имунизација, што традиционално е од 20 до 25 април под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“, беа зголемување на опфатот со вакцини во државата, набрзо воведување поливалентни вакцини, начинот на кој ќе се употребуваат, што значат за децата, родителите и здравствениот систем. 
Д-р Јованка Костовска, од Министерството за здравство,  посочи дека вакцинацијата како една најисплатлива превентивна јавно здравствена мерка. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека по региони нема пад на опфатот за сите вакцини.
- Ако за една вакцина во еден регион има понизок опфат, за друга во друг регион има понизок опфат. Сепак, опфатот е 95 проценти и покрај благото опаѓање во 2014 година речиси за сите вакцини, рече Костовска.
Директорката на Здравствен дом Скопје, д-р Татјана Баевска Вучковиќ истакна дека вакцинацијата е еден од наједноставните методи за заштита од одредени заразни заболувања, како и смрт од нив.
Високиот опфат на имунизација гарантира стабилен епидемиолошки статус и колективен имунитет. Во таа насока се залагањата на здравствениот систем во Република Македонија, на превентивните тимови во Здравствен дом Скопје, кои во 2014 година со 39 тима од нула до 18 години вакциниравме 55.000 деца на годишно ниво, што е третина од вкупниот број деца кои се вакцинираат во државата. Имаме солиден опфат од над 90 проценти.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар