Почетна | Активности | НАЦИОНАЛЕН СКРИНИНГ ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ НА РАК НА ДОЈКА

НАЦИОНАЛЕН СКРИНИНГ ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ НА РАК НА ДОЈКА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

07 април 2015 - Симболично, мамографскиот скрининг почна токму на 7 април – Светскиот ден на здравјето, со што Република Македонија е 27-ма земја во светот која воведува ваква скрининг-програма согласно европските и светски стандарди.

Мамографскиот скрининг претставува периодично правење на мамографија на навидум здрава жена без присутни симптоми на рак, со цел откривање на заболувањето во неговиот претклинички стадиум . Мамографскиот скрининг е бесплатен за секоја жена. Во  ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, во поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир.
Првично, со мамографскиот скрининг ќе бидат опфатени жените на возраст од 50 години, кои се асимптоматски (навидум здрави) жени и кои, согласно податоците од системот Мој Термин, не направиле мамографска контрола во последните две години. За почеток, повикувањето за мамографски скрининг го вршат установите телефонски, а понатаму ќе се воспостави практика на писмено известување со адресирана покана до секоја жена која спаѓа во предвидената возрасна група. Прегледите се закажуваат во точно определени термини, и вообичаено во работните денови термините се после 14 часот, а во некои установи се дефинирани термини и за викенд.За оваа активност веќе се информирани и матичните лекари, а ќе бидат изготвени и едукативни материјали со цел поголем одѕив за скринингот кај оваа категорија жени. Исто така, секоја заинтересирана жена која спаѓа во оваа возрасна група може да се обрати до Министерството за здравство на телефонскиот број (02) 15 444 или на mail  адресата: mamografijaskrining@zdravstvo.gov.mk и да остави податоци за контакт.
Мамографскиот скрининг е особено значајна мерка за заштита на здравјето на женската популација, особено на жените кои спаѓаат во поризична група за појава на рак на дојка. Ова е најчестото малигно заболување кај жените, кое според статистичките податоци се појавува кај секоја 8-ма жена во светот . Со откривање на заболувањето во рана фаза, значително се намалува стапката на смртност, а токму организираниот мамографски скрининг е една од најзначајните мерки за рано откривање на рак на дојка.


  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар