Почетна | Активности | Почеток на проектот "Дисперзиран логопед" во пет поликлиники

Почеток на проектот "Дисперзиран логопед" во пет поликлиники

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

12.02.2015 - ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, во координација со Министерството за здравство го започнаа проектот „Дисперзиран логопед“, кој ќе се реализира во поликлиниките Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Јане Сандански и Букурешт, каде секој вторник и четврток од 8 до 16 часот ќе има логопед кој ќе дава соодветни услуги.

"Целта на овој проект е матичните доктори преку националниот систем Мој термин,  да ги упатуваат децата во Заводот за слух и говор, каде што со соодветни дијагностички процедури ќе се дојде до соодветна дијагноза, терапија и соодветна препорака за понатамошен логопетски третман кај децата. Целта со овие дисперзирани пунктови е едноставно третманот да го доближиме до децата според местото на живеење. Здравствен дом Скопје ги обезбедува просториите, а кадарот е од Заводот за слух и говор", истакна д-р спец. Татјана Баевска-Вучковиќ, директор на  ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје
Директорката на Завод за рехаблитација за слух, говор и глас – Скопје, Живка Јордановска рече дека "на овој начин не се заштедува само на време од страна на родителите туку тие ќа заштедат и финансиски. Во проектот „дисперзиран логопед“, вклучени се врвни  логопеди и доколку има потреба ке се вклучат и други логопеди  со дополнување на логопедски услуги".
На 12.02.2015, поликлиниката Букурешт, каде што веќе почнаа да се даваат логопедски услуги ја посети и министерот за здравство Никола Тодоров.
 
logoped_640x331_662330178.jpg 

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар