Почетна | Активности | Симулациона вежба "Сообраќајна несреќа со голем број на повредени и со изгореници"

Симулациона вежба "Сообраќајна несреќа со голем број на повредени и со изгореници"

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Во рамките на соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО) за 2014/2015 година, во делот на активностите кои се однесуваат на подготовка и одговор при кризни состојби, спроведена е симулациона вежба во Скопскиот регион, за тестирање на Планот за одговор при кризни состојби.

Симулационата вежба "Сообраќајна несреќа со голем број на повредени и со изгореници" реализирана е на 22  мај 2014 година во Градски парк 2, со учество на Здравствениот  Дом (медицински екипи од Службата за Итна медицински помош), Градска болница 8-ми Септември, Црвениот крст на Р.Македонија,  а во соработка со град Скопје, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Противопожарната служба и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), подржано од Светска здравствена организација - регионална канцеларија-Скопје.  
На симулационата вежба присуствуваше Министерот за здравство на Р. Македонија г-динот Никола Тодоров.
Симулационата вежба е реализирана и како дел од Меѓународната конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата во организација на РСБСП.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар