Почетна | Активности | Стартуваа викенд акции за бесплатни лекарски прегледи

Стартуваа викенд акции за бесплатни лекарски прегледи

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

25.05.2014 - Од денеска во скопското село Петровец, Министерството за здравство, започна викенд акции за бесплатни превентивни прегледи на населението во рурални средини. Прегледите се вршат во заедничка соработка на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје - Скопје и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Како што соопшти министерството, според планираните активности, во текот на акциите се реализираат антропометриски мерења (телесна тежина и висина), мерење шеќер, холестерол и хемоглобин во крвта, крвен притисок и ЕКГ. По добивањето на резултатот од вредностите на анализите, корисникот на услугата добива соодветен медицински совет.
Целта на ваквите акции е преку доближување на здравствените услуги до населението да се превенираат или да се постигне рана детекција на метаболните, кардиоваскуларните заболувања и анемијата.
Покрај функционирањето на проектот „Рурален доктор“ во текот на работните денови, Министерството за здравство ги воведува и викенд акциите кои придонесуваат кон зголемување на достапноста и квалитетот на здравствените услуги, како и кон стекнување на квалитетни здравствени навики. 
Во текот на минатогодишната акција беа посетени 51 населено место од рурални средини, при што беа реализирани 2.481 преглед.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар